Александар Усик има желба: По мечот со Џошуа би сакал да се борам со Фјури

Светскиот шампион Александр Усик, кој кон крајот на септември на стадионот на Тотенхем во Лондон го победи Ентони Џошуа пред 70.000 гледачи и ги освои шампионските појаис на ВБА, ВБО и ИБФ во тешка категорија, изрази желба да боксира против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

„По победата против Џошуа животот ми се промени. Тоа беше голем чекор напред, но има уште многу предизвици пред мене. Победив многу боксери на нивни терен“, рече Александр Усик и додаде:

„Мечот против Џошуа беше неверојатен и доста тежок. Иако некои велат дека лесно победив, бидејќи до триумфот стигнав со едногласна одлука на судиите. Но, Ентони е голем борец“.

Украинскиот боксер сега го чека реванш против Ентони Џошуа, веројатно повторно на гостински терен. Усик е уверен во победа и има план по Еј Џеј.

„Знам каков судир имаа Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, но моите размислувања во моментов се на реваншот против Џошуа и мечот кој ќе се одржи напролет. Тоа е единственото нешто што ме интересира – истакна александр Усик и на крајот откри:

„Фјури е уште еден голем британски боксер и би сакал да се борам со него. Не сакам да зборувам за тоа како ќе заврши средбата, но сигурен сум дека борбата ќе биде одлична.

Александр Усик е светски шампион во бокс во полутешка и тешка категорија и олимписки победник во 2012 година од Лондон. Непоразениот Украинец има 19 професионални победи, а до 13 стигна со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON