Александар Усик ги почнува подготовките за реваншот против Ентони Џошуа

Боксерот од Украина, Александр Усик, го победи Британецот Ентони Џошуа во септември минатата година и ги освои појасите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија.

Џошуа веднаш реши да побара реванш и тоа требаше да се случи во април или јуни оваа година, но руската агресија во Украина ги осуети плановите.

Многу украински спортисти активно се вклучија во одбраната на својата татковина, а меѓу нив е и непоразениот Усик.

Поранешниот шампион во првиот момент бараше нов противник, а меѓу кандидатите беа Ото Валин, Џо Џојс, Дионтеј Вајлдер…

Но, Усик реши да боксира против Џошуа и ја напушти Украина. Подготовките за мечот на кој ќе ги брани шампионските појаси треба да се направат во Окснард кај Лос Анџелес.

Усик добил дозвола од украинските власти да ја напушти татковината и моментално се наоѓа во Полска.

Реваншот меѓу Усик и Џошуа треба да се одржи кон крајот на јуни или почетокот на јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО