Украинскиот непоразен боксер, актуелен светски шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО Александар Усик даде опис на сите 10 најдобри борци од својата дивизија.
Тековното рангирање во бокс во тешка категорија изгледа вака:
1.Александар Усик
2.Тајсон Фјури
3.Ентони Џошуа
4.Дионтеј Вајлдер
5.Енди Руиз
6.Филип Хрговиќ
7.Жан Жилеј
8.Џо Џојс
9.Дилиен Вајт
10.Џозеф Паркер
Александар им ги дал следните карактеристики и прекари на своите колеги во топ 10. Еве како ги рангираше Усик:
1.Правда
2.Ромска кралица
3.АЈ
4.Нокаут
5.Мексикански воин
6.Сериозна личност
7.Железна брада
8.Бавен
9.Опасен
10.Пријател на Фјури
Потсетуваме дека на почетокот на оваа година таборите на Александар Усик и Тајсон Фјури долго време преговараа за борба за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија, но не постигнаа договор.
Следен противник на Усик се очекува да биде Даниел Дубоа.
View this post on Instagram