Александар Трајковски на Светското бодибилдинг првенство во Шпанија

Александар Трајковски ќе ги брани боите на Македонија Светското бодибилдинг првенство во Бенидорм, Шпанија, од 8 до 12 ноември.

Трајковски за краток временски период успеа да прокнижи две балкански титули на своето конто.  На IFBB Diamond Cup Macedonia 2018, што се одржа на 14 октомври во Скопје, во силна конкуренција го освои второто место во својата категорија.

Во рамките на Светското првенство ќе се одржи и Конгресот на Светската бодибилдинг и фитнес федерација (ИФББ/IFBB), а делегат од нашата земја е претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски. Конгресот е од изборен карактер и се очекуваат оцени за меѓународните натпревари кои се одржуваа преку цела година.

„Нам најмногу ќе ни значи оцената и критиката за првиот Дијамантски куп натпревар, на кој учествуваа 24 држави и 160 натпреварувачи. Целта на ББФФМ е овој настан да стане традиционален, а критиките кои ќе ги добиеме играат голема улога во тоа“, вели претседателот Бобан Ѓороски.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО