Александар Трајковски е балкански шампион во бодибилдинг (ФОТО)

Александар Трајковски стана балкански шампион од македонската бодибилдинг и фитнес репрезентација на Балканското првенство 2017 кое синоќа се одржа во Чачак, Србија, втор дел.

Апсолутниот победник на Купот на Македонија 2017, по вторпат едно по друго успеа да победи во својата категорија и да ја одбрани балканската титула освоена минатата година.


Ангела Гелинческа и Дарко Стојановски се пласираа на 4-тото место, додека Кристијан Донев и Зоки Петрески не успејаа да влезат во финалето.

На првиот дел од Балканското првенство за сениори, јуниори, ветерани мажи и жени во Бар – Црна Гора од 28-30 април македонската репрезентација освои 5 медали.
На првиот дел на Балканското првенство учествуваа 100 натпреварувачи од 11 држави, а нашата екипа предводена од претседателот Бобан Ѓороски и Селекторот Зоран Лазаревски, направи голем успех, бидејќи со четири натпреварувачи освои 5 медали.

„Даница Кристенсен на двапати ги натера организаторите да ја пуштаат химната на Македонија, закитувајки се со злато во категорија мастер боди-фитнес и физик женска категорија. Одличниот Владе Станковски ги испоти и судиите и конкуренцијата, освојувајќи го третото место во категорјата ветерани бодибилдинг и се пласира зад победниците во сениорската бодибилдинг категорија во средна и полутешка категорија.
Јуниорот Јани Гегов го освои сребрениот медал во својата категорија, а прекрасната Катерина Попева успеа на крај да ја расплаче од радост победничката во својата категорија, боди-фитнес, освојувајки го сребрениот медал и второто место“, вели претседателот Ѓороски.

На Европскиот шампионат од 3-8 мај во Санта Сузана, Шпанија, победничката на Купот на Макеоднија 2017 во категорија боди-фитнес, феноменлната Марија Божиновска, во силна конкуренција (46 држави од Европа и преку 1.200 натпреварувачи) го освои одличното 7- мо место.
Ipon.mk/В.Д.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON