Александар Шлеменко стана почесен граѓанин на Хасавјурт

Руската ММА легенда Александар Шлеменко стана почесен граѓанин на областа Хасавјурт во Дагестан. 37-годишниот ветеран ја посети татковината на Хабиб Нурмагомедов за да отвори спортски терен. Поранешниот шампион на Белатор беше топло пречекан и почестен со интересни подароци.

Александар има скор 60-13-1 во ММА и е во серија од две последователни победи. Заврши 43 натпревари и падна 6 пати. На својот профил на социјалните медиуми Шлеменко го напиша следново по големата почит во Дагестан:

„Вчера на планините ми дадоа црна наметка, а денес во селото Новогагтли, регионот Хасавјурт, ми дадоа бела! Голема благодарност до луѓето во Дагестан кои топло ме пречекаа. Одделно би сакал да изразам благодарност до шефот на проектот „Трезна Русија“, Султан Хамзаев.

Денес, заедно со тимот на Хамзаев, го отворивме спортскиот терен „Трезна Русија“ во селото Новогагтли, регионот Хасавјурт. Заедно продолжуваме да го развиваме спортот. Треба да има што е можно повеќе вакви спортски игралишта на отворено.

Во празнична атмосфера, неочекувано за мене, шефот на округот Хасавјурт, Џамбулат Салавов ми подари медал и значка на почесен граѓанин на округот Хасавјурт. Ви благодариме за вниманието. Во Новогогатли живеат добри, отворени и мирни луѓе, од кои не сакав да си заминам“!



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО