Руската ММА легенда Александар Шлеменко ќе се бори за организацијата на Хабиб Нурмагомедов. Шлеменко ќе се соочи со Артур Гусејнов на гала вечерта на ЕФЦ на 17 октомври во Сочи, Русија. Нивната средба е во средна категорија.
Шлеменко е едно од најголемите имиња во боречките вештини во Русија. Има скор 60-13-1 во ММА и е во серија од две последователни победи. Александар е поранешен шампион во Белатор и заврши 43 од своите средби. Паѓа со завршница само 6 пати и има многу одличја во славната кариера.
Гусејнов е со учинок 26-10-1 во ММА и доаѓа по ремито против Сантос. Артур веќе имаше неколку борби под знамето на ЕФЦ. Тој победи на 24 меча со завршница, а 9 беше поразен пред регуларниот истек на времето.