Мечот на УФЦ во полутешка категорија меѓу Александар Ракиќ и Јан Блахович е договорен за 14 мај на настан во Лас Вегас.
Нивната борба треба да го предводи настанот и ќе биде во пет рунди.
Ракиќ и Блахович требаше да се пресметаат минатиот викенд на настанот Фајт најт во Колумбус, но нивната пресметка беше одложена поради повредата на Јан.
Оваа борба е многу важна за двајцата, бидејќи со победа веројатно ќе го добијат местото на предизвикувач за шампионскиот појас во полутешка категорија.
Нивниот дуел ќе се случи нешто порано од борбата за титулата меѓу шампионот Гловер Тешеира и Чехот Јиржи Прохаска. Тоа ќе биде прва одбрана на титулата за Бразилецот откако го победи Блахович минатата година.
Aleksandar Rakić x Jan Blachowicz scheduled for the May 14 Fight Night main event, per sources. Apex. 5 rounds.
— Ariel Helwani (@arielhelwani) March 27, 2022