Александар Ракиќ имаше добра шанса со победата против Јан Блахович да го освои местото предизвикувач за шампионската титула на УФЦ во полутешка категорија.
Сепак, српскиот борец со австриски пасош на почетокот на третата рунда го повреди коленото на десната нога и не можеше да го продолжи натпреварот.
На Ракиќ тоа требаше да му биде борба на кариерата, а сега ќе биде опериран и ќе има подолго закрепнување.
Имено, најпознатиот ММА новинар Ариел Хелвани на Твитер ја објави веста дека се работи за тешка повреда.
Александар во понеделникот беше подложен на магнетна резонанца за да потврди дали му пукнале предните вкрстени лигаменти.
„Се враќа дома вечерва. Операцијата се уште не е закажана, но ќе биде потребна“, напиша Ариел Хелвани.
Aleksandar Rakić tore the ACL in his right knee on Saturday night, an MRI confirmed today.
He is flying back home this evening. No surgery scheduled yet, but it will be needed.
He has overcome 2 ACL tears in his left knee, and this is his first in his right.
— Ariel Helwani (@arielhelwani) May 16, 2022
Српскиот борец двапати ги скрши предните вкрстени лигаменти на левата нога, а ова е првпат да мора да се оперира на десното колено.
Еден ден претходно Ракиќ на социјалните мрежи објави емотивна снимка од соблекувалната веднаш по борбата против Блахович.
„Бог имаше други планови за мене во саботата навечер. Понекогаш треба да изгубиме помали битки за да ја добиеме војната. Победа или пораз, добро или лошо, искуството ќе ве промени“, напиша Александар Ракиќ во соопштението и додаде:
„Можам да ветам една работа. Ќе се вратам подобар од кога било! Ова не е готово, тоа е незавршена работа. Сакам реванш! Чекав да закрепнеш, сега чекај ме мене. Ајде да го направиме тоа повторно“.
Погледнете ги снимките од зад сцената во видеото: