Александар Ракиќ против Волкан Оездемир

Александар Ракиќ (12-1, 4-0 УФЦ) одличниот старт во УФЦ кариерата ќе се обиде да го продолжи со победа против поранешниот предизвикувач Волкан Оездемир (16-4, 4-3 УФЦ).

27-годишниот Србин ја лови петта последователна победа во најсилната светска ММА промоција на 21 декември во јужнокорејскиот Бусан.

30-годишниот Швајцарец во август го нокаутира Илир Латифи и ја прекина серијата од три порази.

Оездемир ја почна кариерата во УФЦ со три последователни победи што му ја донесе борбата за појасот со Даниел Кормиер.

ДК го нокаутира во јануари минатата година во втората рунда.

Ракиќ во последната борба во јуни со висок удар во првата рунда го нокаутира Џими Манува. 39-годишниот Англичанец по четвртиот последователен пораз реши да се пензионира.

https://www.youtube.com/watch?v=FGyiejGdGWg
https://www.youtube.com/watch?v=9G904L5iSmg
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON