Александар Панов и Иса Бајарам со победи на Опен Балкан купот во Прокупље (ВИДЕО)

На Меморијалот „Лаци“ во Прокуље, Србија, односно Опен Балкан купот македонските боксери од Пелистерски јунак и Пинк пантер тим забележаа две попбеди со борба.

Овој турнир го карактезира послабата организација и многу откажувања, иако претходно биле жребувани, дури имало и натегања дали да се борат или не, како во случајот на Синиша Талевски, а Адријан Рустемовски се качи во потешка категорија за да има борба.

Александар Панов во интересна борба извојува победа со поделена одлука, а Иса Бајрам беше убедлив против Милош Тијаниќ.

Резултати:

Лига на олимписки надежи

40 кг Мухамед Мемедов (Пинк пантер) – Вук Белтетиќ (Топличанин) 0-5

48 кг Арабел Рустемоски (Пелистерски јунак) – Огњен Станковиќ (Витез-Ниш) не му дојде противникот, победа без борба

54 кг Иса Бајрам (Пинк пантер)-Милош Тијаниќ (Констатантин) 5-0 ТКО Р1

Опен Балкан куп
Јуниори
54 кг Александар Панов (Пинк пантер тим) – Лазар Лазиќ (Кш 037) 3-2
60 кг Синиша Талевски (Пелистерски јунак) – Срегеј Миљковиќ (Кш037) не се одржа, службено за противникот

Младинци
63,5 кг Адријан Рустемовски (Пелистерски јунак) – Иван Кривачевиќ (Витез) 0-5 ТКО Р2

Сениори
63,5 кг Ружди Рустемоски (Пелистески јунак) – Матија Игњатовиќ (Каблови) не му дојде противникот, победа без борба.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО