Александар Неделковски беше на завршни подготовки кај Петар Косановиќ (ФОТО)

Александар Неделковски имаше еднонеделни подотовки кај сенсеи Петар Косановиќ во Сомбор, кој е специјалист за кати.

Неделковски го освои првото место во кати за јуниори и сега се подготвува за Балканското првенство во Дуборвник, Хрватска викендов што претстои, како генерала проба за Европското првенство за кадети, Јуниори и У-21 во Алборг, Данска, од 8 до 10 февруари.

За каратистот на Металург да ги направи завршните подготовки големи заслуги има градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, кој го поддржува Александар во неговите намери да освои европски медал.

Неделковски пристигнува утре во Скопје за да се среди за Балканското првенство и во среда тргнува за Дубровник со другите членови на репрезентацијата.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО