Тренерот на кадетско-јуниорската карате репрезентација на Македонија за учеството на претстојното Светско првенство во Џакарта, Индонезија, од 12 до 15 ноември вели:
„Завршните подготовки поминаа во најдобар ред. Сите 11натпреварувачи се подготвени за моментот што го чекаме две години. Ги следев оваа година, која беше благородна и вроди со плод на три медали на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21во Цирих,каде што се испиша уште една страна во македонското карате. Не застануваме тука ! Оваа генерација ветува многу, зашто никогаш досега не сме учествувале во волкав број, а ги имаме и медалистите од Европското 2015, Вероника Костовска и Моника Пендаровска. Тоа е голема одговорност и обврска за нас да дадеме се од себе и да постигнеме уште еден резултат. Голема благодарност до Карате федерацијата на Македонија и до Агенцијата за млади испорт за поддршката“.
Кузмановски истакнува дека на овие подготовки биле и најдобрите македонски судии, кои работеле со натпреварувачите.
„На мојата покана како селектор се отповикаа и нашите шампиони од Европксите игри во Баку, Азербејџан, кои освоија бронзени медали, Емил Павлов, кој е и поранешен европски првак, и Мартин Несторовски, кој е трето пласиран на последното ЕП, кои ја подигнаа нашата самодоверба и желба за повисок пласман. Оваа атмосфера ќе ја задржиме до СП. Верувам во овие момчиња и девојчиња дека ќе бидат вистински репрезент на македонското карате, со надеж дека за пет години некој од нив ќе ја претставува Македонија на Олимпијадата во Токио 2020 година“, смета Кузмановски.
Тренерот на репрезентацијата нагласува дека не застануваат тука, туку дека се поставени високи цели и дека максимано се мотивирани.
„Вежбавме со најдобрите, со добра тактика, со малку среќа и голема желба за победа, верувам во моите натпреварувачи дека можат да си го остварат својот сон и сонот на многу спортисти да освојат медал на светско првенство“, категоричен е Кузмановски.
Инаку, роднеденот на тренерот на репрезентацијата Кузмановски се одбележа во текот на подоготовките во Дојран и тој од своите пулени побара само еден роденденски подарок – освојување на медал на Светското првенство. Како што дознаваме, каратистите ветиле дека таа желба ќе му ја исполнат на нивниот тренер.
Репрезентативците имаа можност да ги следат и демонстрациите на јапонските инструктори во ОУ „Панче Арсовски“ и ОУ „Гоце Делцев“ во Скопје, но и да слушнат нешто повеќе за каратето како спорт на Олимпијадата 2020 во Токио.
Кадетско-јуниорска репрезентација за СП во Џакарта
Кадети -женск
– 54 кг. Вјолца Гафури од К.К.Фати Тетово
+ 54 кг. Емилија Јањиќ од К.К.Олимпик Спорт 2007 Скопје
Машки
52 кг. Фахик Весели од К.К.Олимпик Спорт 2007 Скопј
– 63 кг. Роберто Ацковски од К.К.Металург Скопје
– 70 кг. Филип Несторовски од К.К.Металург Скопје
Јуниори-женски
– 53 кг. Вероника Костовска од К.К.Кеикс Скопје
– 59 кг. Моника Пендаровска од К.К.Макпетрол Скопје
Машки
– 61 кг. Давид Петков К.К.Металург Скопје
– 68 кг. Стефан Костиќ К.К.Металург Скопје
– 76 кг. Доан Османи К.К.Фати Тетово
+ 76 кг. Петар Спасеновски К.К. Металург Скопјe
ipon.mk/В.Д.