Александар Емилијаненко поради доброто однесување е ослободен од затвор три години порано.
Братот на Федор беше осуден на четири и пол години затвор за сексуален напад, а остатокот од казната ќе го помине со условна казна.
35-годишниот Русин минатата година е осуден за сексуален напад, киднапирање со одземање на пасошот и присила за употреба на дрога на својата слугинка. Емилијаненко тврди дека тој не е виновен и дека односот бил доброволен.
Борецот планира да се врати на сцената при крајот на оваа година, а промоторот на Еуроејшн фајт најтс, Камил Гаџиев, е заинтересиран за неговите услуги.
Последната борба ја направи во јануари 2014 година, кога со технички нокаут во првата рунда беше поразен од Дмитриј Сосновски.