Александар Емелијаненко (25-7) третата борба од враќањето ќе ја одработина 4 март.
И неа ќе ја одработи на ВФЦА Ахмат фајт клуб (WFCA Akhmat Fight Club), а противник ќе му биде Шимон Бајор (17-7).
29-годишниот Полјак се бореше на Гран-при Ризин 2016 година. Во осминафиналето го елиминира Теодорас Аукстуолис, за потоа да го запре Валентин Молдавски. Во 2013 година го нокаутира Чабан Ка. Во 2012 година загуби со поделена одлука на судиите од Марчин Тибура, а кон крајот на 2013 година беше нокаутиран од Денис Голцов.
36-годишниот Емелијаненко го нокаутира Џеронимо дош Сантос во септември и во декември во средината на првата рунда Виргил Цвикер.
.