Александар Емилјаненко заедно со поранешниот шампион на УФЦ, Фабрицио Вердум, престојуваат во Грозни каде што денеска се одржува 33 настан на ВФЦА/WFCA.
Настанот е во организација на Боречки клуб Ахмат предводена од чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.
Помладиот брат на Федор не е во Грозни само како гледач, туку е дојден да ја договори следната борба.
„Многу сум благодарен за поканата. Дојдов тука не само да ги видам борбите, туку и да склучам договор со Ахмат. Гледак дека ова секој пат е добар турнир и голема прилика за настапи на светско ниво“, рече Емилијаненко, а пренесува Sovsport.ru.
Кон крајот на минатата година, Федор се најде во конфликтна ситуација со самиот Кадиров, откако ги осуди МЛД борбите за деца организирани од страна на претседателот на Чеченија. Набргу потоа во Москва беше нападната ќерката на Федор. Многумина мислеа дека зад нападот стои чеченската мафија. Полицијата неодамна објави дека случајот е затворен и дека не открила ништо. Набргу потоа Александар е ослободен од затвор.
Александар (23-7) последен пат се бореше во јануари 2014 година кога загуби со технички нокаут во првата рунда од Димитри Сонсовски.