Александар Емилијаненко од борбата во Москва излезе крвав и непоразен (ВИДЕО)

Александар Емелијаненко (28-7-1) во Москва ја направи шестата борба по враќањето на борилиштето во септември минатата година.

37-годишниот Русин во главната бојно борба на ВФЦ/WFC Ахмат ремизираше со Американецот Тони Џонсон (11-4-1) со мнозинска одлука на судиите 29-29, 29-28 Џонсон, 29-29.

Првите три минути од битката се водеше боксерски меч во кој Русинот беше убедливо подобар. Потоа, Џонсон од вториот обид успева да го руши Емелијаненко и до крајот на рундата му наштетува со лактите.

Американецот на почетокот на втората рунда го соборува 12 килограми полесниот противник. Го притиска со својата тежина и го погаѓа со тешки удари со лактот на полугард. По 3 минути судијата ја прекинува борбата за да може докторот да го погледне Емелијаненко и продолжува во стоечката позиција што му одеше на рака на домашниот борец. Но Хулк набрзо повторно успешно го соборува противникот и го притиска до крајот на времето.

Првите три минути од последната рунда исцрпениот Американец служеше како боксерска вреќа на Емелијаненко, но потоа го руши и повторно добро работи во партер, сепак крвавиот Русин успеа да го дочека крајот на мечот.

Помладиот брат на Федор во претходната борба на 9 јуни го нокаутира Виктор Пешта во втората рунда.

На Џонсон ова му беше прва борба од минатата година, кога го загуби со технички нокаут од Виталиј Минаков.

Емелијаненко во мечот влезе со 116, а 32-годишниот Американец со 128 килограми.

Алексеј Ефремов (20-7-1) со ножен удар од вртење во црниот дроб и удари во партер во третата рунда го заврши Грузиецот Нодар Кудукашвили (13-5).

https://youtu.be/XD2R2KETu-M

https://youtu.be/ZbUKSGUO0OA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON