Александар Димовски против Филиповиќ на „Роуд ту ОНЕ Србија“, Бобан Илиоски – Селимовиќ пресметка во ВАКО про

Александар Димовски – Димса ќе настапи на тешкашкиот турнир на четиримината „Роуд ту ОНЕ Србија“. Ова се официјални квалификации за азиската промоција ОНЕ Чемпионшип која зема се поголем замав во кикбоксот и ММА, па така Димовски во полуфиналето на 11 јуни во Белград ќе се сретне со Никола Филиповиќ од Србија.

Покрај Димовски и Филиповиќ на турнирот ќе учествуваат Анто Шириќ од Хрватска и Мирослав Вујовиќ од Црна Гора. Победникот оди на завршниот турнир на осумината, а победникот на целиот турнир потпишува договор со ОНЕ.

На овој настан ќе настапи и Бобан Илиоски, но во ВАКО Про, и ќе се бори со Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 84 килограми во К-1.

Дарко Најдов ќе настапи во воведните борби против Тео Алваро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО