Нашиот џиу џицу мајстор, Александар Ацевски, по втор пат ќе одржи семинар во Турција, и тоа на два пати, откако лани го одржа првиот. Семинарот е во Истанбул по покана на Турската џиу џицу федерација.
Првиот семинар од оваа гоидна е од 11 до 13 март, а вториот од 25 до 26 март.
„Преку ден се работат техники од спортското џиу џицу, а навечер се одржуваат судиски семинари. Во недела на 13 март ќе се одржи мини турнир, каде што тие што биле на судискиот семинар ќе полагаат за национални судии, односно оние што ги исполниле критериумите. Следното одење ќе бидат семинари за самоодбрана од нож и палка“, ни изјави Ацевски.
Во петок навечер е првиот судиски семинар, а во сабота е третиот, додека во недела турнирот, фактичи практичниот дел од тестот.
Ipon.mk/В.Д.