Петар Спасеновски од Металург во Макпетрол, но има проблем…!

Во завршениот преоден рок на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) главна ѕвезда е репрезентативецот Петар Спасеновски кој од Металург преминува во Макпетрол. Во пакет со него заминуваат и браќата Давид и Глигор Петков.

Сепак, преминот не помина мазно, бидејќи сите заинтересирани страни не се согласуваат со побараното обештетување, па затоа ќе мора да одлучува Регистрационата комисија на КФМ.

Неофицијално, на почетокот се вртеше сума за тројцата каратисти од 15 илјади евра која треба да му биде исплатена на Металург, но од Макпетрол, а и родителите сметаа дека ова е превисоко побарување за обештетување. Потоа, наводно, таа износот за обештетување е намален на 8.000 евра. Сепак, родителите сметаат дека обештетувањето треба да е од 4.500 до 5000 евра. Има најави дека целиот случај можеби ќе има и судска завршница.

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за регистрација на карате клубови и натпреварувачи во Карате федерацијата на Македонија   

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON