Александар Волкановски смета дека Ислам Махачев е најдобриот борец во моментов.
Минатиот викенд Ислам го победи Дастин Пориер и ја одбрани титулата во лесна категорија. Се зацементира како број 1 во светот, без разлика на категоријата. Дана Вајт не се согласи и рече дека Џон Џонс секогаш ќе биде број 1 во светот се додека активно се натпреварува.
Навивачите и борците се поделени на темата. Некои сметаат дека Махачев е заслужено број 1, а други тврдат дека тоа е Џон Џонс. Волкановски, кој долго време беше најдобар во светот, смета дека Ислам ја заслужува првата позиција бидејќи ги победува силните борци и е активен.
„Погледнете го Џон Џонс. Добро, сфативме, ќе кажете тој е најголемиот борец на сите времиња. Но, за да си број 1 во светот во моментов, мислам дека треба да има некоја активност.
Треба да видиме со какви борци се бореше во последно време. Махачев се бореше со некои големи борци и победи, така што мора да му дадете голема заслуга за тоа. Мислам дека тој е број 1 во моментов, без разлика на тежинската категорија“, изјави Волкановски за Сабмишн радио.
Alexander Volkanovski believes that Islam Makhachev is currently the PFP #1 fighter in the world:
"You look at Jon Jones, alright we get it you're gonna say he's the greatest fighter of all-time…
But pound-for-pound I think there has to be some activity there, who you've… pic.twitter.com/mKLtuR31Up
— Championship Rounds (@ChampRDS) June 5, 2024