Ќе биде потребно извесно време за целосно закрепнување на вилицата на Алекс Полици.
Алекс Полици претрпе тежок пораз од Јоел Ромеро на настанот Белатор 280 на кој Ромеро стигна до првата победа по повеќе од четири години. При тежок нокаут на Алекс му пукна вилицата, а сега на својот Инстаграм профил објави рендген со опис: „Леле! Сега треба да заздравам и да пијам многу млеко“.
View this post on Instagram
Алекс ги преживеа првите две рунди против секогаш опасниот Ромеро кој е познат по страшните финиширања. За негова несреќа, Ромеро го потфати во третата рунда и го нокаутира на секунда пред крајот на последната рунда. Ромеро на тој начин испрати јасна порака до конкуренцијата, која ја истакна по борбата.
„Сакав да испратам порака и мислам дека ја испратив“.
Пред овој пораз Полици беше во одлична серија од три последователни победи. Сепак, сега ќе мора да се опорави и да се обиде повторно да го изгради својот пат до потенцијален напад на појасот. Засега нема информации колку долго ќе трае закрепнувањето, но едно е сигурно; кога вилицата е скршена, таа мора да се ресетира за да не му се дозволи на Полици да прими удари во вилицата пред целосно да заздрави.