Алекс Перез го нокаутира Матеус Николау во втората рунда, победи на Урош Медиќ и Ивана Петровиќ

Хрватката Ивана Петровиќ која живее во Норвешка ја извојува првата победа во најголемата светска ММА организација.

На настанот УФЦ на ЕСПН 55 во Лас Вегас таа ја победи Кинеската Лијанг На со завршница во третата рунда.

Успешен беше и српскиот борец Урош Медиќ кој го победи Тим Менс со прекин во првата рунда.

Тоа беше негова четврта победа во УФЦ и прва по поразот од Миктибек Оролбаи минатиот ноември.

Во главната борба Алекс Перез го победи Матеус Николау со нокаут во втората рунда.

Само три недели пред настанот американскиот борец влезе како замена за повредениот Манел Капе.

Во конасловната борба Богдан Гусков со прекин беше подобар против Рајан Спан.

Резултати од УФЦ на ЕСПН 55:

Алекс Перез – Матеус Николау – КО (удар), Р2  (2:16)
Богдан Гусков – Рајан Спан – ТКО (удари), Р2 (3:16)
Карине Силва – Аријане Липски – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Џоната Диниз – Остин Лејн – КО (удари) – Р2 (2:12)
Дејвид Онама – Џонатан Пирс – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Урош Медиќ – Тим Менс – ТКО (удари), Р1 (2:09)

Воведни борби:
Виктор Хенри – Рани Јаја – ТКО (удар во глава и тупаници), Р3 (2:36)
Остин Хабард – Михал Филак – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Дон Тале Мејес – Каио Мачадо – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Кетлен Соуза – Марник Ман – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Крис Падила – Џејмс Лонтоп – завршница (гушење од позади), Р1 (4:33)
Ивана Петровиќ – Лијанг На – завршница (гушење рачен триаголник), Р3 (1:29)
Махешате Хајсаер – Габриел Бенитез – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON