Алекс Переира ќе остане уште долго во најелитниот ММА синџир во светот.
„По оваа борба ќе има уште осум“, вели Переира. „Мојот однос со УФЦ е многу добар. Многу сум благодарен за тоа како УФЦ и мојот менаџерски тим се согласуваат. Тие прават големи работи заедно. Мислам дека и УФЦ го цени тоа што сум јас затоа што сум тивка личност, фокусиран сум и постигнувам резултати“.
Алекс Переира ќе ја брани титулата против Џамахал Хил на УФЦ 300. Првично се мислеше дека Переира ќе се соочи со истиот противник на УФЦ 301 во родниот Бразил. Но, работите добија ненадеен пресврт за 360 степени.