Алекс Переира: Подготвен сум да тренирам со Адесања во иднина

Алекс Переира тврди дека неговата расправија со Израел Адесања не е ништо лично.

Двајцата имаат една од најголемите расправии во боречките спортови. Нивната караница започна во кик боксот, а потоа се пресели во ММА. Переира го победи Адесања двапати во кик бокс под закрила на Глори. Израел тогаш изјави дека никој нема да се сеќава на името на Бразилецот. Алекс сподели видео во кое се потсетува на ова интервју со Адесања.

Неколку години подоцна Переира влезе во УФЦ и го победи Адесања со нокаут. Така ја освои титулата во средна категорија и ја забележа третата победа над Адесања. Во април оваа година ја видовме нивната 4-та борба во боречките спортови, која се одржа во УФЦ. Израел го нокаутира Переира и си го врати појасот.

Така, Переира води со 3-1 во борбите против Адесања. Минатиот месец Алекс ја освои титулата во полутешка категорија откако го совлада Јиржи Прохаска. Стана шампион во две различни категории и го предизвика Адесања за трилогија во УФЦ. Израел ја прифати понудата, но се уште не е познато дали УФЦ ќе се согласи.

Алекс сега го потсети Адесања што кажа пред години за него.

„Ова со Израел Адесања не е лично. Јас дури и сум подготвен да тренирам со него во иднина. Сепак, Адесања треба да го гледа ова видео и никогаш повеќе да не го потценува потенцијалот на луѓето. Станав шампион во две дивизии на УФЦ“, напиша Переира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON