Алекс Переира и Артем Вахитов ги обединуваат титулите на Глори 77

Двојниот светски шампион Алекс Переира се враќа во рингот. Тој ќе ги обединува титулите со шампионот во тешка категорија Артем Вахитов на Глори 77 на 30 јануари. Переира е привремен шампион, а Вахитов е неприкосновен шампион во категоријата.

Переира има скор 41-6 во рингот, а 30 борби ги завршил со нокаут. Тој е во серија од 8 последователни победи, а минатата година победи во три битки во Глори. Два пати ја одбрани титулата во средна категорија и ја освои и во полутешка категорија со победа над Донеги Абена.

Вахитов има учинок 20-5 во рингот, од кои 8 борби се со нокаут. Артем е исто така во серија од 8 последователни победи и доаѓа по победа со одлука на судиите над Абена. Тој е шампион веќе 4 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON