Алекс Переира е борец на годината во Глори

Првиот двоен шампион во историјата Глори, Алекс Переира стана „Борец годината“ за 2019-та во најголемата светска кик бокс организација.

32-годишниот Бразилец имаше силна година со три последователни победи со тешки нокаути.Переира ја одбрани титулата во средна категорија со нокаут победа над Џејсон Вилис, а потоа ја освои привремената титула во полутешка категорија со нокаут над Донеги Абена.

На крајот на декември минатата година „По Атан“ ја одбрани титулата во средна категорија со нокаут против Ертул Бајрак и влезе во серија од 8 последователни победи. Переира не престана да импресионира и заслужено стана борец на годината. Тој е единствениот борец кој може да се пофали со две победи во кикбокс над Израел Адесања, кој во моментов е шампион во средна категорија на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО