Алекс Мороно со заслужен бонус по нокаутот над Цероне

Американецот Алекс Мороно се покажа како голем победник на последниот настан на УФЦ.

30-годишниот борец кој се согласи да се бори против Доналд Цероне само неколку дена пред натпреварот, му го нанесе шестиот пораз по ред на Каубојот. Мороно успеа да го скрши духпт на славниот ветеран во првата рунда од нивната пресметка од УФЦ Вегас 26, задавајќи неколку десни „оверхенди“.

Помладиот борец беше поагресивен и не престана да напаѓа се додека судијата не го прекина мечот. Молскавичната победа заработи и дополнителни 50.000 долари на Мороно за „Најдобра изведба на вечерта“.

Ова е само втор бонус во неговиот 5-годишен престој во компанијата.

https://twitter.com/philthemmadude/status/1391359394722447362?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1391359394722447362%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Faleks-morono-ss-zasluzhen-bonus-sled-nokauta-nad-seroni%2F

Уште тројца борци беа поздравени со финансиски бонус по гала-вечерта во Лас Вегас. Грегор Гилеспи и Карлос Фереира исто така грабнаа по 50.000 УСД за нивната меќусебна пресметка, која Гилеспи ја доби со технички нокаут. И Карлстон Харис беше почестен за неговата добра изведба, победувајќи го Кристијан Агилера со „анаконда задушување“, со што обезбеди дополнителни трупчиња пари во неговиот џеб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО