Алек Глигор Стојанов-Милев кој пред три дена беше поразен на сомнителен начин во рамноправната борба со Ороно Мокмаутај во категоријата до 72 килограми на Макс мај тај Ултимејт 2016 во Патаја во Тајланд вели дека на изгубената борба влијаело и казиното во хотелот.
„Изгубив на поени, ама имаше многу опклади на Стадуим Боџинг, кој е како казино во Тајланд. Само таму може да се обложиш, бидејќи нема казино. Со раци треба да направиш три бода (удари) за да вреди како еден удар со нога. Со нога направи многу поени. Но, тој е боксер на промоторот што го организираше турнирот на таа вечер. Ќе имам реванш меч на 14 февруари. Во март ќе се борам во Њу Делхи во Индија, но во К-1 уадраите со рака вредат многу повеќе за разлика од мај тај, каде што се вреднуваработата со нога“, изјави за Ipon.mk Алек Глигор Стојанов.
Стојанов верува во своите можности и квалитети.
„Јас сум 100 отсто подготвен оваа година да се борам во целиот свет и да се нафатам на билокоја борба“.
Ipon.mk/В.Д.