Алџамејн Стерлинг тврди дека бил принуден од УФЦ да се бори со Шон О’Мели

Шампионот на УФЦ во бантам категорија, Алџамејн Стерлинг трипати го бранеше појасот, а последниот беше пред два месеци кога со поделена одлука го победи Хенри Сехудо. Наскоро ќе се врати во октагонот.

Имено, Стерлинг ќе ја брани титулата против Шон О’Мели на 20 август во Бостон, а тоа ќе му биде трета борба за нешто повеќе од една година.

Многумина би рекле дека е во ред, но Алџамејн верува дека УФЦ го тера да се бори што почесто.

„Луѓето не знаат колку време посветувам на спортот. По мечот против Сехудо, извесно време не сакав да размислувам за борби, но веднаш добив нов противник“, изјави Стерлинг и додаде:

„Ќе се борам пак, иако не сакам сега. Луѓето тогаш би кажале секакви работи. Се разбира, доколку Дана Вајт и Хантер Кембел слушнеа што зборувам, ќе речеа: „Па, ние не го тераме на ништо“. Многумина не знаат што се случува зад сцената и не би било добро премногу да зборувам за тоа. Во суштина, некако ме тераат да се борам што е можно порано, а јас се уште сум повреден“.

Така, Алјџамејн Стерлинг се враќа во октагонот само три и пол месеци по неговата последна борба.

„Би можел да им кажам да не ми се јавуваат, затоа што не сакам да се борам. Но, тие имаат начин да ве вратат во октагонот. Се надевам дека по овој натпревар ќе ми овозможат малку да уживам во животот“, потенцираше шампионот во бнатам категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON