Поранешниот шампион на УФЦ во перо категоријата, Хозе Алдо, сега е носител на привремениот појас во категоријата откако на УФЦ 200 со целосна доминација над Френки Едгар покажа дека се уште е застрашувачки добар борец.
Откако се сретна со Едгарr, Алдо ги насочи погледите спрема Конор Мек Грегор, против кого доживеа понижувачки нокаут за само 13 секунди. На Ирецот му претстои реванш со Нејт Дијаз на УФЦ 202, а Алдо е убеден дека со евентуален нова пораз на Мек Грегор, тој и Конор повторно ќе се сретнат на УФЦ 205 во Њујорк.
„Ако тој загуби од Дијаз, многу веројатно е да решат повторно да се бориме на 12 ноември во Медисон сквер гарден. Ирската заедница таму е голема. Но, ако тој победи, мислам дека тие ќе организираат и трет меч меѓу нив, така што ќе пропаднат моите планови. Природно, стискам палци тој да загуби. Ако победи, тие ќе се решат за нов натпревар со Нејт, а тоа е лошо. Тој мора да загуби. Тој ќе загуби“.