Меѓународна сценаММА
Алдо: Ребрата се добри, го чекам датумот за борбата со Мек Грегор!
Хозе Алдо се повлече од УФЦ 189 поради непријатна повреда на ребрата, која, сепак, не го оодалечи подолго време надвор од октагонот. Шампионот веќе тренира и го очекува датумот за средбата со привремениот шампион Конор Мек Грегор.
„Ребрата се добро. Веќе почнав со тренинзи. Сега чекам од УФЦ да го организира мечот“.
Алдо и Мек Грегор си разменија еден куп навреди пред и по одложениот меч, во кој Бразилецот беше заменет со Чад Мендез. Со оглед на виденото, стратегијата на Алдо останува иста како и досега, со многу мали промени.
„Имам стратегијата, таа е подготвена. Мислам, сè што трениравме ќе заврши одлична работа. Имам се што ми е потребно, сега останува само да го засилиме“.




