Албански боксер е позотивен на допинг контролата на Европските игри

boks rakavici

Албански боксер е првиот спортист кој дал позитивен допинг-примерок на Европските игри во Баку. Реџилдо Зенели (19) дал позитивен примерок од фуросемид, кој е од забранетата група на диуретици, но исто така се откриени делови од уште допинг супстанци, објавија од Европската асоцијација на олимписките комитети.

Предметната асоцијација, рече дека примерокот е откриен во урината на боксерот, кога е направен тестот на 13 јуни. Зенели, кој треба денес да ги почне натпреварите, најверојатно ќе го загуби мечот против Дмитриј Асанов од Белорусија со службен резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON