АФН-9 ВАКО про кик бокс турнирот во Скопје ја остави публиката без здив, Митровски највува и други вакви настани

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски на 26 април стана светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 (до 88,6 кг). Настанот ФН 9 се одржа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Илиоски славеше со одлука на судиите 2-1 против Берк Дузенли од Турција, актуелен светски аматерски првак.

Откако поминаа неколку денови и стивна вревата разговаравме со претеседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија и главен „виновник“ за спектаклот што се одржа во Скопје, Дејан Митровски-Урко.

„Турнирот организациски помина одлично, баш како големите светски турнири. Со тоа покажавме дека Македонија може и има капацитет и квалитетни борци и им овозможи на гледачите и на поддржувачите да уживаат во кикбоксот. Сите присутни на ВАКО ПРО АФН 9 настанот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје беа одушевени од целокупната организација и останаа до последната минута на овој 3,5 часовен кикбокс спектакл. Секако, сето тоа немаше да биде реализирано без помагачите и спонзорите на настанот, до кои сакам да упатам огромна благодарност. Исто така, благодарност на градоначалниците на Град Скопје, Данела Арсовска, на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Општина Бутел, Дарко Костовски, кои отсекогаш ги помагале нашите клубови во своите општини. Тие клубови ни издигале натпреварувачи кои како наши репрезентативци подоцна носеле резултати за нашата земја Македонија на меѓународните настапувања“, вели Митровски и додава:

„Ќе се потрудам Македонија почесто да биде домаќин на вакви настани и нашата публика да дознае повеќе за нашиот спорт и нашите натпреварувачи. Во врска со нашите  натпреварувачи, сакам да истакнам дека секој поради своја причина не го покажа она што го знае најдобро. Мое мислење е дека причина за тоа беше кондицијата и тремата поради настап пред своја публика. Најголема трема имаа токму најуспешните и најискусните натпреварувачи, како што се Викторија Варадинова, Димитар Ѓоргиев и Бобан Илиоски. Секој од нив има многупати настапувано на меѓународни борби и првенства како сениори, но на овој настан токму кај нас кондиционо слабо се покажаа. Бобан во главната борба извојува победа  над турскиот светски шампион Берк Дузенли. Пред почетокот на борба Бобан имаше трема и беше возбуден, пред се, поради  својата публика,  роднините и  пријателите кои беа дојдени да го бодрат. Го забележав дека од преголема желба да покаже добра борба, тој се закочи и не го покажа очекуваното  – да ја заврши борбата со нокаут.  И покрај желбите и очекувањата, морам да истакнам дека во борба меѓу двајца искусни борци, како во овој случај – двајца светски прваци, можноста за завршеток на борбата со нокаут е минимална, бидејки двајцата борци се подоготвемни, борбата им е тактичка и одмерена и голема улога игра надитрувањето и кондицијата.

Професионалните мечеви се бодуваат на добиени рунди не во собирање на бодовите од сите рунди заедно“.

Понатаму Митрoвски се осврна и на настапот на другите натпреварувачи.

„Викторија Варадинова беше кондициски послаба од противничката во овој меч, истото се случи и со нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓоргиев, но, и покрај тоа, покажа голема храброст и пожртвуваност и го прифати овој меч, иако не беше доволно кондициски подготвен. И покрај сите околности, Диме до крај лавовски го одработи го мечот. Посебна пофалба сакам да упатам до нашите јуниорски натпреварувачи : Марија Димовска, Силвио Мировски, Нелсон Узеир и Максим Митровски кои прикажаа технички атрактивни борби за публиката, без ни малку трема и не им дозволија на противниците каква било доминација над нив и сите извојуваа победа. Секоја чест и браво за подмладокот“.

Своја улога на овој настан имаа и нашите судии Елена Костадиновска и Даниел Десовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON