Адвокатот на Мек Грегор: Преговараме за спогодба со обвинителството! (ВИДЕО)

Светот сепак малку ќе мора да почека за судбината на Конор Мек Грегор. Светската супер ѕвезда во четвртокот се појави во судот во Њујорк, каде што се отчитуваше за за тужбатаво врска со инцидентот во пресрет на УФЦ 223, кога го „каменуваше“ автобусот полн со негови колеги.

Сослушувањето траеше многу кратко време, а при излегувањеето од судницата Ирец изговори неколку реченици кои претходно биле подготвени со неговите адвокати.

“Се кајам за моите постапки кои доведоа до тоа денеска да бидам тука. Ја разбирам сериозноста на она што го направив и се надевам дека наскоро ќе се реши ова“, и рече тој на собраните новинари, а потоа се упати кон возилото.

Потоа неговиот менаџер Ауди Атар и откри на медиумите дека адвокатите на Мек Грегор се обидуваат да се спогодат. Детали не сакаше да открива.

„Денес сме тука за да се фокусираме на судот, нема да се фокусираме на идните планови додека не го решиме ова“, рече Атар, додавајќи:

“Во моментов сме во процес на преговори со окружниот обвинител кои одат добро, па сега ќе се фокусираме на тоа, а подоцна и на иднината“.

Иднината секако е УФЦ и Дана Вајт со кој Мекгрегор треба да се сретне на 18-ти овој месец. Сепак, судот вчера нареди на следното рочиште се одржа само на 26 јули, така што е тешко да се очекува дека Вајт и Мек Грегор ќе договорат нешто конкретно пред конечната судска пресуда.

Мек Грегор, сега тоа е јасно, се обидува да се договори со обвинителството за да избегне по секоја цена затворска казна. Тоа му е основната, за да не ја доведе во прашање спортската кариера на американската територија. Со склучување на спогодба со обвинителството, најверојатно, парична казна и некоја општествено-корисна работа, Ирецот на елегантен начин ќе ја реши многу непријатната ситуација.

На неговата жалост,му следат и потенцијални приватни тужби од Реј Борг и Мајкл Киеза кои настрадаа за време на нападот и не беа во можност да се натпреваруваат на УФЦ 223.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON