Адријан Рустемовски денес се бори со Гркот Плеас на ЕП

Адријан Рустемовски денес на Европското првенство во бокс за помлади сениори во Пореч, Хрватска, ќе се бори со Гркот Плеас.

Борбата е на програмата околу 16:30 часот.

Во првата борба Рустемовски го победи со Полјакот Сочовка Игор Презмислав 4-1.

На Рустемовски му требаат уште две победи за да стигне најмалку до бронзен медал.

А Бјарам Маутовски на 11 април ќе ги одмери силите со Олександар Звириев од Украина. Со побед Мамутовски обезбедува бронзен медал.

На Европското првенство во Пореч се пријавени 253 помлади сениори и 123 помлади сениорки (вкупно 376 млади боксери и боксерки родени 2006 и 2007 година) од 35 земји.

Резултати – Европско првенство – Пореч:

57 кг
Адријан Рустемовски – Сочовка Игор Презмислав (Полска) 4-1 1/16 финале
Адријан Рустемовски – Георгиас Плеас (Грција) 1/8 финале

48 кг Бајрам Маутовски – Олександар Звириев (Украина) 11 април ¼ финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО