Светскиот шампион во бокс во полутешка категорија на ВБЦ, 38-годишниот Адонис Стивенсон, ќе ја брани титулата против 27-годишниот Томас Вилијамс.
Иако е во напредна возраст за шампион, Адонис сака да докаже дека не ги загубил вештините.
„Ќе бидам многу среќен да излезам на рингот против Вилијамс. Уште еднаш ќе докажам дека сум како виното. Со текот на годините станувам се подобар. Не сум се борел 10 месеци, но не застанав со тренинзите во салата и сум подготвен да ја бранам титулата“.
Борбата ќе се одржи на 29 јули во Квебек, Канада.