Адидас ја продоложи соработката со еден од најдобрите светски каратисти

Петкратниот светски шампион во карате Рафаел Агаев (36) ја продолжи соработката со реномираниот производител на спортска опрема „Адидас“. Азербејџанецот е еден од најдобрите каратисти во светот, покрај петте златни медали на Светските првенства освои и два сребрени и бронза.

Беше европски првак 11 пати. Тој е капитен на репрезентацијата на Азербејџан предводена од тренерот Рахман Хатамов.

И покрај неговата голема популарност, Рафаел сепак живее многу едноставно, а во слободното време гледа филмови, игра фудбал и се дружи со пријателите. Тој е роден лидер и секогаш наоѓа излез од тешката ситуација.

Редовно тренира и добива месечна стипендија на врвен спортист. Често е вклучен во тренинг на млади, води едукативни семинари, вежби за екипи и настапи на турнири.

Во „Адидас“ знаат колку обожаватели има Рафаел Агаев низ целиот свет, а тој ужива и голема популарност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО