Адесања: Ја добив психолошката борба

Актуелниот шампион на УФЦ во средна категорија Израел Адесања, кој се скара со Марвин Ветори на прес-конференцијата, е уверен дека веќе извојувал психолошка победа над својот противник.

„Да, енергијата на прес-конференцијата беше неверојатна – не сум се забавувал толку долго одамна. Кога сте лишени од сето ова, не сфаќате колку многу ви недостига, но беше навистина одлично“, започна Адесања.

„Марвин е многу емотивен. Јас ги контролирам моите емоции и ги користам кога е потребно, а тој ги фрла лево и десно, однесувајќи се како личност со биполарно растројство. Мислам дека е во ужасна психолошка состојба и се забавував провоцирајќи го. Обожавам да го правам ова, особено затоа што тој не претставува никаква опасност за мене. Видовте како реагираше – седев и дури не станав затоа што не чувствував никаква закана во неговите лудории. Само се смеев“, продолжи шампионот.

„Тој покажува сигурност дека може да ме победи, но тоа е лажна самодоверба. Ова не е прв пат да го видам. Сето ова многу ме потсетува на она што се случи пред борбата против Пауло Коста. Овие луѓе се како отворена книга за мене. Тој смета дека ја добил првата битка, а јас се смеам како овој човек е во заблуда. Оваа сабота ќе видите дека едниот од нас е значително подобар од другиот во однос на вештините и веќе знаете кој е тој“, заклучи Адесања.

Тие ќе се соочат вечерва на УФЦ 263 во Глендејл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО