Адем Хајдароглу во 1990 година од Скопје заминува да живее во Истанбул-Турција, каде што продолжува да се занимава со карате спортот кој во Македонија го учеше од Славе Пашоски, Мирче Опелоски, а го практикуваше со мајсторите како Јорго Огненовски и Назим Куртовиќ. Тој со нив се бореше за место во репрезентацијата.
Два месеци работи како тренер во општната и ги уçев децата карате, по што се запознава со Реџеп Орал, тренер на Турската федерација, во населабта Гунгурен. Орал за кратко време му дава шанса да се бори на Шампионатот на Истанбул во категоријата до 65 килограми.
„Имав добри борби, ама до фıнале не стигнав, зашто немав доволнı тренинзи, а имаше преку 100 натреварувачи во мојата категорија. Сепак, тренерот ме засака и ми рече друг пат ќе биде подобро“, вели Адем Хајдероглу, кој по три месеци го зема најдобриот тренер на Турцја Исмет.
Тренира напорно за другите натпревари, а бидејќи тренерот стилски се определил за ВСКФ од Јопанија под водство на мојсторот Хитоши Касуја и Адем почнува да го следи тој пат до ден- денес.
Во 1992 гоидна во Аанкара сакал да полага за 2 дан пред Хитоши Касуја, но тренерот Исмет Турна му рекол да почека еден месец. Откако влегол во форма по еден месец го викнал тренерот му рекол еве ти 2 дан лично од сенсеи Касуја.
„Тогаш многу се радував“, се присеќа Хајдероглу, додавјќи дека тренирал кај друг тренер за стане европски и светски првак до 65 кг. Но немал разбирање од семејството и затоа станал само шампıон на Турција во кунг фу до 75 кг
Хајдероглу очекува да си го поврати македонското државјанство и во Скопје да отвори карате клуб, за да им го пренесе искуството на младите и да ги научи да живеаат со спорстки дух, при што мирот и спортот да им бидат водилки во животот, но и да ги почитуваат тренерите и луѓето, воопшто.
Ipon.mk/В.Д.