Белатор ја подготви најавата за враќањето на „најголемиот на сите времиња“ (ВИДЕО)

Fedor najgolem za Belator

Белатор тргна со жестока промоција на нивниот следен настан, оној на кој ќе дебитира во нивниот кафез борецот кои многумина го сметаат како најголем на сите времиња. Всушност тој назив го користи Белатор за промоција на Федор Емилијаненко.

Несомнено е дека со ангажманот на Федор Емилијаненко раководството на Белатор длабоко бркна во својата каса, но тие веруваат декаРусинот треба да им го донесе исчекорот на светската ММА сцена, уште малку да се доближе до се уште недопирливиот УФЦ.

Федор го предводи настанот Белатор 172, на кој ќе се бори против Мет Митрион, а тој на распоредот е на 18 февруари. Секако, ова би требало да биде најгледаната борба на Белатор, но секако дека секогаш е добро да се види некоја видео најава. Уживајте!

https://youtu.be/qWrWJVTUX2k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО