Адегбај повторно подобар од Вилнис, Переира ја одбрани титулата на Глори (ВИДЕО)

Алекс Переира во главната борба на Глори 58 во Чикаго по трет пат ја одбрани титулата во средна категорија.

Бразилецот го порази поранешниот шампион Симон Маркус со едногласна одлука на судиите. Переира го соборуваше Канаѓанецот со кроше во четвртата рунда.

Титулата ја освои минатата година токму против Маркус.

Бенџамин Адегбај по вторпат беше подобар од Јахфар Вилнис, кого го собори во втората рунда.

Првата борба се одржа во финалето на турнирот на предизвикувачите во 2015 година, а тогаша Романецот се славеше со поделена одлука. Во Чикаго, Адегбај беше подобро со едногласна одлука на судиите.

Австралискиот Жуниор Тафа го победи Американецот Хејт Вилсон во првата рунда.

Трој Џонс во полуфиналето на турнирот во велтер категорија со хај кик во првата рунда го нокаутира Кејси Грин. Џонс во финалето победи без борба, бидејќи се повредија Мајк Лемер, како и резервниот борец.

https://www.facebook.com/GLORYSportsInternationalOfficial/videos/247810625922639/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО