Адам Модосјан отпатува на меѓународен турнир во Русија
Од 18 до 22 февруари ќе настапи во Појковски, Нефтејуански регион, ХМАО–Југра (Русија), во спортскиот центар „Ненун“.

Адам Модосјан овој викенд, веднаш по настапот на Државното првенство, замина на нов меѓународен предизвик.
Од 18 до 22 февруари ќе настапи во Појковски, Нефтејуански регион, ХМАО–Југра (Русија), во спортскиот центар „Ненун“.

„Нема време за одмор и рехабилитација – формата е на високо ниво и мора да се искористи. Нашата стратегија е јасна: што повеќе силни меѓународни турнири, што повеќе борби со квалитетни противници, за да се стекне поголемо искуство и натпреварувачка зрелост.
Поради неговата конституција и висок раст, овојпат ќе направиме нов чекор – Адам ќе настапи во повисока тежинска категорија до 92 кг, наместо досегашната до 86 кг. Ова е тест, но и можност да се види неговиот потенцијал против посилни и покрупни противници“, велат од БК Вардар и нагласуваат:
„Храбар потег, сериозен предизвик – но само така се гради врвен борач“.



