Адам Јандиев: Не го удрив Харитонов со бокс

Рускиот ММА борец Адам Јандиев, кој се натпреварува за УФЦ, негираше дека го удрил Сергеј Харитонов со бокс.

Пред неколку дена, Јандиев го претепа колегата затоа што го потсетил дека му должи 25.000 долари. Тие беа заедно на спортски настан, по што заминуваат, а Јандиев одеднаш почнува да го притиска Харитонов, кој немаше време да реагира.

Како последца на пресметката Харитонов има скршен нос и јаболчната коска, за што ќе треба да се изврши операција. Јандиев е обвинет за предизвикување телесни повреди.

„Жал ми е, тукушто стигнав до мојот телефон во врска со неодамнешните настани. Утре ќе разберете сè. Ќе има целосно интервју и ќе дознаете сè, од почетокот до крајот за нашиот однос со оваа личност и конфликтот што се случи меѓу нас.

Се со факти, докази. Те молам, не пишувај глупости и ереси од зборовите на овој лажго. Бидете стрпливи. Погледнете ги моите раце на видеото. Погледнете ги сите детали и ќе знаете дали имам бокс в рака“, рече Јандиев.

Постојат големи шанси УФЦ да го ослободи по овој испад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО