Синоќа се одржа АЦА 120 во Русија, притоа во главната борба поранешниот УФЦ-борец Магомед Бибулатов го победи Дејви Оливеира и ја освои титулата во петел категорија.
Во коглавната битка, Магомедрасул Хасбулаев го победи Фелипе Фрос, совладувајќи го со завршница, со што ја освои слободната титула во перолесна категорија.
Резултати – АЦА 120:
Магомед Бибулатов со одлука го победи Деиви Даниел Оливеира де Алмеида
Магомедрасул Хасбулаев го победи Фелипе Фрос со завршница Р4, 1:02
Салман Замалдаев го совлада Диего Бранџао со дисквалификација од Р2, 1:05
Салимгери Расулов го победи Денис Смолдарев со ТКО Р2, 2:33
Рашид Магомедов со одлука го победи Мухамед Коков
Апти Бимарзаев со одлука го победи Турал Рагимов
Ислам Омаров со одлука го победи Биберт Туменов
Муслиман Магомедов со одлука го победи Леонардо Силва
Иван Штирков со одлука го победи Мурат Гугов
Амирхан Гулиев го победи Дмитриј Кривулец со завршница Р1, 1:48
Лом-Али Налгиев со одлука го победи Денис Силва