Во Хановер, Германија, синоќа се одржа боксерска галавечер, каде што главен настан беше средбата меѓу 35-годишниот шампион во бокс на ВБО, Артур Абрхам и предизвикувачот за титулата, 33-годишниот Англичанец, Мартин Мареј, која заврши со победа на Ерменецот (32-3-1, 15 КО).
Борбата беше доста интересна и возбудлива. Првите шест рунди на мечот беа многу спори и издначени. Потоа Абрахам успеа да се наметне со вообичаената сила, но, Мареј во повеќето случаи успеа да направи контранапади.
Во 11 рунда Мареј беше казнет со одземање на еден поен заради држење.
По завршувањето на борбата еден од судиите гласаше за Мареј, а останатите двајца за Абрахам.