Најмладиот член на македонската карате репрезентцаија, Абдурахим Идризи, направи извонреден резултат на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар, освојувајќи го сребрениот медал во кати поединечно.
Идризи за златниот медал беше поразен од Ѓунгел Селахетин од Турција со 5-0.
Претходно, Абурахим во првото коло беше слободен, а второто го совлада Гркот Димтрос Герзелис со 4-1, потоа со 3-2 славеше на Данила Мамчуровски од Русија и во полуфиналето против Португалецот Жоао Касимиро со 4-1.0.
Ipon.mk/В.Д.