Абделазиз: Татко му на Хабиб создава шампиони и достојни луѓе

Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз, зборуваше ласкаво за татко му. До денес, легендарниот тренер Абдулманап Нурмагомедов сè уште се опоравува од операција на срцето на која беше подложен во мај. Абдулманап беше примен по итна постапка во болница и притоа беше тестиран и беше позитивен на Ковид-19, а предизвика проблеми со срцето и белите дробови.

Двапати таткото на шампионот беше сместен на вештачка кома, но за среќа се разбуди и направи благ напредок во закрепнувањето. Од своето искуство Абделазиз изјави дека Абдулманап е ѕвезда и тренер кој создава шампиони, но и достојни луѓе:

„Мојот постар брат Абдулманап, тој е вистинска везда. Кога тој поминува, луѓето застануваат, кога тој зборува, луѓето слушаат. Ова ги прави луѓето среќни, тој е вистински водач не само во боречките вештини, туку и во животот.

Тој не е само тренер, за многумина тој е татко, брат, Абдулманап го промени животот на многу луѓе. Работам со многу негови ученици, сите се прекрасни луѓе, сите се добро образовани и лојални едни на други. Абдулманап создава не само шампиони, туку и достојни луѓе“.

https://www.instagram.com/p/CCISRoDDDp2/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON