Абделазис му удрил шлаканица Дилан Денис на УФЦ 268

Дилан Денис продолжува да биде понижуван. Пријателот на Конор Мек Грегор во живо го следеше настанот УФЦ 268 изминатиов викенд во Њујорк. Очигледно Денис се сретнал очи во очи со Али Абделазис, кој, според медиумите, му удрил шлаканица.

Денис често ги навредува Абделазис и неговите борци на социјалните мрежи. Дилан последен пат на социјалните мрежи напиша дека борците му плаќаат во натура на Абделазис. Очигледно ова ја прелило чашата, па познатиот менаџер решил да му удри шлаканица.

Медиумите во САД тврдат дека по кавгите Денис бил исфрлен од Медисон сквер гарден. Легендата Мајкл Биспинг потврди дека Денис добил шлаканица, а Дилан тврди дека тоа не е вистина. Абделазис одби да ја коментира ситуацијата за медиумите.

Пред неколку недели Дилан лежеше на земја од чувар кој го заклучи и го натера да се предаде пред еден бар во САД. Се чини дека големата уста на „Ел Џефе“ ќе продолжи да му прави проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО