А. Кузмановски: Овој систем на подготовки е предност и ќе вроди со резултати на ЕП

Тренерот на кадетско-јуниорската репрезенатација на Македонија која викендов настапува на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 23 години во Софија, Александар Кузмановски, вели дека имаме добар систем на натпревари и Правилник кој ги исфрла на површина најдобрите во своите категории.

„Имаа многу контролни натпревари, имаа подготовки во своите клубови, имавме заеднички подготовки со репрезентацијата, кои во сабота на 11 февруари беа завршни, поделени во три дела. Вежби за подобрување на тактиката во борба, а ќе претстои и предавање од стручен психолог за подигање на самодовербата и психичката состојба кај сите натпреварувачи кои ќе ги бранат боите на Македонија . Ова е идеална шанса за тие кој ќе освојат медал, затоа што не очекува во 2017 и 2018 година. Позади нас стои Карате федерацијата на Македонија и сите тела и комисии, Агенцијата за млади и спорт, Олимпискиот комитет. Ова ни дава уште поголем мотив да се избориме за резултат и на ова Европско првенство, да го развиориме македонското знаме на највисокиот пиедестал и да се интонира маледонската химна, како што го направиле тоа многу пати досега. Македонското карате го заслужува тоа, затоа ние ветуваме дека ќе дадеме се од себе на ова првенство“, вели тренерот Кузмановски.

Сепак,малку е невообичаено да се одржуваат само еднодневни тренинзи без класични подгодтовки на целата репрезентација од неколку дена. Дали работата со матичните тренери ќе биде предност во однос на еднодневните подготовки еднаш во неделата во отсуство на базични.

Според тренерот на репрезентацијата, со преклопувањето на програмите од матичните клубови и селекторските програми, тренерскиот тим на КФМ одлучил да има што е можно повеќе тренинзи до Европското првенство.

„На пример, како што беа овие четри заеднички еднодневни подготовки. Но, сето тоа заокружено со добро распоредените критериумски натпревари и Балканско првенство, каде системот на КФМ и Правилникот на рангирање на крај ги исфрли најдобрите во своите категории. Затоа мислам дека овој систем на подготовки е предност и ќе вроди со резултати. Исто ќе се продолжи и до Светското првенство во Тенерифе, Шпанија. Секојнеделни заеднички подготовки, поради тоа што најмногу промени има во оваа селекција на кадети и јуниори. Секогаш се менуваат натпреварувачите со тежината,како и со старосната категорија“, истакнува Кузмановски.

За очекувањата на ЕП Кузмановски нагласува дека целта ќе биде да го одржиме резултатот од минатата година и да освоиме медал во силната конкуренција од над 50 држави кои досега се пријавени.

„Адути од минатите години во оваа селекција кадети и јуниори и од кои лично очекувам се Столе Смилковски и Вероника Костовска кои се носители на европски медал и со најголемо искуство, а нема да биде изненадување доколку и некој друг изненади од нашиот состав, зашто тука имаме и балкански шампиони, освојувачи на медали од последното Европско“, вели Кузмановски, нагласувајќи дека свен неговите два адути, тој смета и на Марио Свинарски кој беше прв на Балканското првенство, но и дека

Очекува да се вмешат и Иво Мишачковски прв на Кроација опен, Фаик Весели и Филип Несторовски, кои имале добар пласман од Светското првенство лани.

„И би рекол нема да биде изненадување доколку го повториме ланскиот успех. Но јас би рекол да се избориме за еден континуитет, а тоа значи без медал да не се вратиме. Инаку, лично сум оптимист, но секогаш во карате спортот до последна секунда е неизвесно, посебно сега со новите правила за Олимпијада“, вели тренерот на кадетско-јуниорската репрезентација, потсетувајќи, а и поучени од минатото, дека оваа категорија кадети и јуниори се преодна категорија, кои од јуниори преминуваат во постари јуниори, како Моника Пендаровска и Петар Спасеновски кои беа во неговата селекција, а сега веќе се во У- 21.

За тоа дали е направена анализа на можните противници на нашите репрезентативци Кузмановски истакнува:

„Противниците се анализирани на Балканското првенство и на Кроација опен, но од тогаш има многу измени, однонсо учество пријавија вкупно 50 држави со 1200 натпреварувачи. Секој противник ќе биде пречка сама за себе. Исклучително тешка, но ќе се решава во од. Имаме искуство и подмаладен состав кој ветува. Ќе дадеме се од себа да одиме до највисоко, да застанеме на пиедесталот и да се свири химната и и да се подига знамето за прво место“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО